72
Репрезентативците на Македонија играа во одлична гогетерска форма на подготовките, а со добрите партии сега продолжија и во Серија Б.
На вечерашниот дуел со Специја, Александар Трајковски и Илија Несторовски го предводеа Палермо до победа од 2-0.
По десет минути игра, Александар Трајковски се најде осамен пред противничкиот голман и прецизно биеше на првата статива за 1-0.
Трајковски и Коронадо потоа добро проиграа за Несторвски да ја затресе мержата, но погодокот на напаѓачот беше поништен поради офсајд.
Сепак, „Нестогол“ се запиша во листата на стрелците на стартот од вториот дел откако одново одлично соработуваше со Коронадо.