Палермо и ги помати сметките на Џенова, Пандев одигра цел натпревар (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Палермо обезбеди
минимална победа од 1-0 на домашен терен во дуелот со Џенова, а единствениот
гол на мечот го постигна Рисполи во 13. Минута.

Овој триумф на
домаќините немаше никакво значење на табелата, тие на две кола до крајот се
веќе испаднати од елитното друштво во Италија, но сега настанаа проблеми за
Џенова која ќе мора до финишот на првенството да води битка за опстанок со
Емполи и Кротоне.

Во таборот на
домаќините Илија Несторовски одигра 60 минути, додека Александар Трајковски не
доби прилика за настап.

Кај гостите цел
натпревар одигра Горан Пандев кој не успеа да му помогне на својот тим да освои
барем бод од ова гостување.

Од останатите
средби кои се одиграа во терминот од 15 часот, постигнати се следниве резултати
:

Болоња – Пескара
3:1

Каљари – Емполи
3:2

Кротоне – Удинезе
1:0

Сампдорија –
Киево
1:1

Торино – Наполи 0:5

Во првиот меч за
денеска Интер претрпе пораз на домашен терен од Сасуоло со 1-2, додека пак во
вечерниот термин ќе се сретнат Рома и Јувентус во дербито на колото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани