Пакета со еден потег дополнително ја налути ФА, се бара доживотна забрана за Бразилецот

by bojan
1 минути читање
Пакета

Фудбалската асоцијација покренала нови две обвинувања против Лукас Пакета откако Бразилецот се ослободил од мобилниот телефон, и на уредот му се губи секаква трага.

Лукас Пакета е под истрага откако беше обелоденето дека имало нетипично голем број на уплати во обложувалница на тоа дека тој ќе добие жолт картон.

Под лупа е неговото однесување на натпреварите Вест Хем-Лестер, Вест Хем-Астон Вила, Вест Хем-Лидс и Борнмут-Вест Хем.

Околу 60 лица од неговиот роден Бразил уплатиле суми помеѓу 7 и 400 фунти, и вкупните добивки изнесувале 100.000 фунти.

Последните информации велат дека Лукас Пакета со еден потег дополнително ја налутил ФА, па покренати се две нови обвинувања.

Минатата година, ФА го запленила мобилниот телефон на Лукас Пакета и околу два месеци била правена проверка на историјата на повици, пораки и банкарски трансакции.

Телефонот подоцна му бил вратен на Бразилецот, но ФА дополнително го побарала за да направи нови проверки. Сепак ова барање не било исполнето, бидејќи Лукас Пакета се ослободил од мобилниот телефон, и на уредот му се губи секаква трага.

Па затоа ФА покренала нови обвинувања и го товари Лукас Пакета за попречување на истрагата и одбивање да соработува.

И додека Лукас Пакета инсистира дека не е виновен, Фудбалската Асоцијација бара доживотна забрана за Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани