Пак настрада зглобот, Нејмар со солзи во очите го напушти теренот, нема Копа Америка за напаѓачот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Вчера се појавија
гласини дека Нејмар би можел да го пропушти првенството на Јужна Америка поради
скандалот во кој се најде и обвинувањата дека силувал девојка во Париз, напаѓачот сега дефинитивно нема да игра на Копа
Америка но поради повреда.

На подготвителниот натпревар против
Катар утрово, повторно настрада проблематичниот десен скочен зглоб, поради кој веќе паузираше неколку месеци оваа година, но и во 2018. Нејмар по 15-тина минути
игра нагазна лошо по еден дуел и со солзи во очите седна на клупата каде
добиваше третман од докторот на репрезентацијата, Ласмар

Фудбалерот на ПСЖ
го напушти стадионот на стартот од вториот дел на патерици и беше пренесен во
болница на тестови во придружба на неговиот татко, спортскиот директор на
репрезентацијата, Еду Гаспар и докторот на федерацијата, Фелипе Калил.

Набрзо потоа од Фудбалската федерација на Бразил пренесоа дека Нејмар ќе го прескокне турнирот и Тите треба да повика замена, не открија колку време тој ќе биде надвор од стројот и само посочија дека се работи за сериозна повреда и оштетување на лигаментите.

„Кариоките“ мечот
со Катар го добија со 2-0 со головите на Ришарлисон и Габриел Жесус.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани