Паѓаат рекордите пред Роналдо, фантастични бројки зад името на Португалецот!

by
1 минути читање

Благодарение на маестралната партија на Роналдо, Реал Мадрид најеверојатно и четврти пат по ред ќе го елиминира градскиот ривал Атлетико од Лигата на шампионите.

Португалската ѕвезда вечерва го постигна својот 42. хет-трик за Реал Мадрид, втор оваа сезона против Атлетико.

Во прашање беше доведена регуларноста на првиот гол, но тоа не ја фрла во сенка фантастичната партија на Роналдо. Тоа беше негов осми гол во последните три меча од нокаут фазата.

Роналдо вечерва ги постигна 101., 102. и 103. гол во Лигата на шампионите. Колку за споредба, тој има повеќе погодоци постигнато во ова натпреварување отколку Атлетико Мадрид во нивната историја во ЛШ.

Тој стана првиот играч кој постигнал 20 голови во дербито на Мадрид.

Ова беше седми хет-трик на Роналдо во Лигата на шампионите со кој се изедначи со Меси во оваа категорија.

Кристијано Роналдо го надмина Алфредо Ди Стефано (11 гола) по бројот на погодоци во полуфиналињата од Лигата на шампионите, Португалецот има 13.

Роналдо е фудбалерот кој има постигнато најмногу голови во Лигата на шампионите 103.

Тој има најмногу погодоци на домашен терен, 54.

Најмногу голови и на гостински терен, 47.

Најмногу голови и во нокаут фазата, 52.

Најмногу асистенции, 31.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани