Се најавува дека „кралевите“ летоска ќе направат голема реконструкција, еден куп фудбалски ѕвезди се поврзуваат со клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
Зинедин Зидан веќе доби едно засилување, се работи за Едер Милитао од Порто, дефанзивецот пристигнува за 50 милиони евра.
Последните гласини велат дека Французинот го добива и второто засилување, ќе соработува со неговиот сонародник од ПСЖ, Адриен Рабио.
Според Канал+, Реал и фудбалерот од средниот ред постигнале вербален договор за играчот летоска да се пресели во Мадрид.
Адриен Рабио е под договор со „светците“ до 30. јуни и нема намера да го продолжи престојот во Париз. Долго време се говореше дека ќе заврши во Барселона, но оваа зделка не се реализираше