Паднал договор со Наполи: Кварацхелија добива четири пати поголема плата и откупна клаузула од 80 милиони

by bojan
1 минути читање
Кварцхелија

Како што пренесува Спортмедиасет, Наполи и Квича Кварацхелија си подале рака за нова соработка, фудбалерот ќе има плата од околу 6 милиони евра по сезона и откупна клаузула од 80 милиони евра.

По долги преговори, Наполи и Квича Кварацхелија постигнале согласност за новиот договор на Грузиецот.

Како што пренесува Спортмедасет, на состанокот кој бил одржан минатата недела во Рим, двете страни си подале рака за соработка до 2029 година.

Квича Кварацхелија ќе има плата од 6 милиони евра сосе бонуси, што е четири пати повеќе од она што го добива во моментов.

Откупната клаузула пак ќе биде поставена на 80 милиони евра, сума што е компромис помеѓу барањата на Наполи од 100 милиони евра, и агентите, кои инсистирале на 60 милиони евра.

Со ваква откупна клаузула, прашање е колку долго Квича Кварацхелија ќе остане во Наполи, интерес за неговите услуги пријавуваат неколку клубови а Манчестер јунајтед и ПСЖ се оние кои се најконкретни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани