Паднал договор, првото засилување за Мота и Јувентус во јануари доаѓа од Барса

by bojan
1 минути читање
Араухо

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус договорил позајмица на Роналд Араухо од Барселона, се очекува фудбалерот следната недела да пристигне во Торино на лекарски прегледи.

Првото засилување за Тијаго Мота и Јувентус во јануари доаѓа од Барселона, ова денеска го објави Ла Република.

Весникот пишува дека „каталонците“ дале зелено светло за позајмица на Роналд Араухо до крајот на сезоната.

Јувентус ќе одвои околу 3 милиони евра за платата на Уругваецот до крајот на сезоната, додека преостанатиот дел ќе го покријат „каталонците“.

Се очекува Роналд Араухо следната недела да пристигне во Торино на лекарски прегледи и потпис на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани