Паднал договор, Манчестер јунајтед со 60 милиони фунти купува двајца фудбалери на Баерн Минхен

by bojan
1 минути читање

Манчестер јунајтед и Баерн Минхен си подале рака за зделка вредна околу 60 милиони фунти со која Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи во пакет ќе се преселат на Олд Трафорд.

Ерик тен Хаг ќе добие две добро познати имиња, Манчестер јунајтед ќе се засили со Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи.

Последните информации од „островото“ велат дека „ѓаволите“ и Баерн Минхен си подале рака за зделка вредна околу 60 милиони фунти.

За Матајс де Лихт ќе бидат платени 43 милиони фунти (околу 50 милиони евра), односно фиксен дел од 38 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

За Нусаир Мазрауи пак ќе бидат одвоени 17 милиони фунти (околу 20 милиони евра), односно 13 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 4 милиони фунти во бонуси.

Се верува дека двајцата играчи веќе се имаат договорено со Манчестер јунајтед за личните услови, па сега само прашање на време е кога ќе пристигне официјална информација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани