Паднал договор, Интер го продава Перишиќ на Јунајтед за три пати поголема сума

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“ на почетокот од оваа недела доставија понуда вредна 45
милиони евра, но Интер го одби предлогот и побара 55 милиони евра за услугите
на Хрватот.

Последните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека двата клуба
сепак успеале да пронајдат заеднички јазик.

Газета дело Спорт пишува дека Интер и Манчестер јунајтед си подале рака за
трансфер вреден 52 милиони евра.

Ова е тројно поголема сума од онаа која „Нероаѕурите“ ја платија на
Волфзбург.

Иван Перишиќ пристигна на Џузепе Меаца во 2015 за 17 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани