Паднал договор, Гризман ќе биде новата „седмица“ на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

„Јаху“ тврди дека Манчестер јунајтед и Антоан Гризман ги договориле личните услови и тој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед ќе ја плати откупната клаузула од договорот на Гризман со Атлетико Мадрид која изнесува 100 милиони евра, па шпанскиот клуб нема да може да влијае на евентуално спречување на фудбалерот да се пресели во Премиерлигата.

Гризман во Манчестер јунајтед ќе ја носи легендарната „седмица“ на грбот која претходно ја носеа ѕвезди како Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо. Таа сега е слободна откако замина Мемфис Депај.

Се шпекулира дека годишната плата на Гризман ќе изнесува 15 милиони евра.

Влијание за трансферот на Гризман во Манчестер јунајтед има и Пол Погба кој е многу добар пријател со играчот на Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани