Падна уште една тренерска глава во Бундеслигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Унион Берлин реши да му врачи отказ на тренерот Бо Свенсон по серијата лоши резултати.

Данецот дојде на клупата ова лето, меѓутоа сега во девет натпревари забележа шест порази и три ремија, а тоа управата ја натера на промена. Унион ги раскина договорите со тренерот Свенсон и неговиот стручен штаб.

По 15 кола во Бундеслигата екипата на Унион Берлин се наоѓа на 12 позиција во Бундеслигата.

Во моментов Германците се на божиќна пауза и се враќаат на 10 јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани