Падна првата жртва по „Суперкласико“: Умирам, умирам само поради тоа што сум фан на Ривер и славев!

by
1 минути читање

Тажни вести од
Аргентина, 21 годишно момче го загубило животот откако по прославата на
триумфот на Ривер од 3-1 на Сантијаго Бернабеу бил нападнат од двајца навивачи
на Бока во провинцијата Мисионес.

Како што
пренесуваат медиумите, Езекиел Арон Нерис бил претепан и избоден со нож,
односно му била погодена главната артерија во левата нога. Со сериозни повреди,
тој веднаш бил префрлен во болница, но докторите не можеле многу да му помогнат
и по неколку часа починал.

Семејството на
починатиот за медиумите порача дека нападот се случил само поради тоа што тој
носел дрес на Ривер.

„Умирам, умирам,
ме нападнаа поради тоа што ја славев титулата, поради тоашто сум фан на Ривер“

биле едни од последните зборови на Езекиел во болницата.

„Го убија мојот
син, тој само си одеше, имаше операција на ногата откако падна од мотор пред
неколку месеци па тешко се движеше. Го претепаа како куче“
– изјави Лусија
Рамона Нерис, мајката на Езекиел.

Полицијата го
пронашла ножот со кој е извршен нападот и веднаш уапсила две лица, браќа на
возраст од 18 и 22 години, фанови на Бока, кои се обвинети за убиство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани