1,1K
Премиерлигашот Челси денеска потврди дека младиот дефанзивец, Џош Ачемпонг ја продолжи соработката и се обврзал на верност до 2029 година.
Ачемпонг е „дете на клубот“ бидејќи во академијата на гигантот од „Стенфорд Бриџ“ е од свои осум години.
Низ годините ги помина сите младинските категории на „сините“ и во изминатото лето доби можност да биде дел од сениорскиот тим на турнеата во САД.
Енцо Мареска му даде шанса од првата минута во натпреварот против Астана во Конференциската лига, додека против Брентфорд во Премиер лигата беше во составот, но остана на клупата.