Падна отказ во Серија А – ќе бркаат опстанок со нов стратег!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот прволигаш Торино донесе одлука и одлучи да се раздели со тренерот Марко Барони кој повеќе нема да седи на клупата на „биковите“. Клубот реагираше по серијата разочарувачки резултати, кои кулминираа со убедливиот пораз од Џенова со 3-0 за викендот.

Клубот на негово место веднаш назначи и негов наследник, Роберто Д’Аверса, кој стави потпис на договор до крајот на сезоната и ќе има за цел да го спаси клубот од испаѓање.

Промената на тренерската позиција доаѓа во чувствителен момент за клубот, кој се наоѓа под притисок да обезбеди подобри резултати со оглед на тоа дека со Барони победија само на еден од претходните седум натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×