Поради коронавирусот
ќе гледаме празни трибини во Серија А, Владата на Италија вечерва донесе декрет
според кој сите спортиски настани во земјата ќе се играат без публика.
Забраната ќе важи до 3. април и е донесена
откако беа регистрирани повеќе од 3.000 позитивни случаи на коронавирус, помеѓу
кои и 107 смртни случаи.
Според декретот,
сите клубови се одговорни редовно да ги прегледуваат своите спортисти и персонал
за да се осигураат дека никој не е заболен од коронавирусот.
Серија А се
очекува да продолжи овој викенд, кога ќе се одиграат шест натпревари од 26. коло кои беа
одложени минатиот викенд. Тоа значи дека натпреварите од 27. коло ќе се играат
викендот што следи потоа и така натаму.