Падна нов тренерски отказ во Шпанија!

by Стефан
1 минути читање

Реал Сосиедад официјално потврди дека Серхио Франсиско повеќе не е тренер на првиот тим. Баскискиот клуб преку соопштение информираше за смената, поради што Франсиско нема да го води ниту денешниот тренинг.

Екипата во преостанатите два натпревари пред божиќната пауза, против Елденсе во купот и Леванте во Ла Лига, привремено ќе ја предводи Џон Ансотеги, досегашниот тренер на резервниот состав.

Ансотеги, кој вчера со резервите забележа убедлива победа од 3:0, уште денес попладне од 16:30 часот ќе го одржи првиот тренинг со првиот тим и тоа зад затворени врати. Негов помошник ќе биде Иманол Агиретксе.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×