Падна конечна одлука за иднината на Дани Олмо и Пау Виктор во Барса

by bojan
1 минути читање
Олмо

Барселона ја доби правната битка со Ла Лига па Дани Олмо и Пау Виктор па Ханси Флик ќе може да сметна на двајцата фудбалери до крајот на сезоната.

Ла Лига вчера уште еднаш потврди дека Барселона не ги исполнува финансиските услови за да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, но „каталонците“ ја добија правната битка па Ханси Флик ќе може да смета на двајцата фудбалери до крајот на сезоната.

Откако привремено беше дозволена регистрација, судот денеска донесе конечна одлука и пресуди во полза на Барселона.

„Каталонците“ не спореа дали ги исполнуваат правилата за Финансиски фер плеј, се насочија на тоа дека ќе им биде прекршено правото на работа на Дани Олмо и Пау Виктор доколку не им биде продолжена лиценцата, и судот им го прифати ова толкување на законите.

Исто така, Барселона спореше дека правилото според кое еден фудбалер не може два пати да биде регистриран во еден ист клуб е одамна застарено и контекстот бил сосема различен кога ова правило било донесено, а судот и ова им го прифати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани