412
Ливерпул постигна договор со Парма за трансфер на младиот италијански стопер Џовани Леони. Станува збор за 18-годишен дефанзивец кој ќе се приклучи на тимот веднаш, како дел од плановите на новиот менаџер Арне Слот.
„Црвените“ ќе платат околу 35 милиони евра, а Парма ќе задржи клаузула за процент од идна продажба. Иако постоеја најави дека Леони би можел да остане во Италија уште една сезона сепак, Фабрицио Романо откри дека воопшто не се разговарало за позајмица.
Леони од старт јасно ставил до знаење дека сака да заигра за Ливерпул. Официјалната потврда од клубовите се очекува во наредниот период.