414
Фудбалерот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ ја прекинува позајмицата во Салцбург и потпишува за Лас Палмас.
Ливерпул реши да го даде Бајчетиќ во Лас Палмас каде што би требало да има поголема минутажа отколку во Салцбург.
Интерес за шпанскиот фудбалер со српско потекло имаше и од Хетафе, но тој одлучи дека Лас Палмас е вистинското место.
Се работи за чиста позајмица до крајот на сезоната без опција за откуп. Тој во јуни ќе се врати во Ливерпул.