236
Њукасл постигна договор со Милан за трансферот на германскиот стопер Малик Тиао. „Росонерите“ првично ја одбија понудата од 30 милиони евра, но ја прифатија новата вредна 40 милиони, од кои пет се во форма на бонуси.
Двата клуба веќе ги финализираат деталите, а Тиао веднаш треба да пристигне во Англија за да ги мине лекарските прегледи.
Милан одигра пријателски натпревар со Лидс во Даблин, а веќе денес ќе одигра контролен меч со Челси во Лондон. Италијанскиот клуб веќе работи на пронаоѓање замена за Тиао, а главни кандидати се Џовани Леони од Парма и Пјетро Комуцо од Фиорентина.