136
Италијанските медиуми пишуваат дека попладнево е постигнат конечен договор меѓу Милан и Јувентус и трансферите на тројцата играчи во наредните денови ќе бидат комплетирани.
Игуаин ќе оди во Милан најпрво на позајмица за 18 милиони евра, со опција комплетно да биде откупен за 36 милиони евра наредното лето, додека Бонучи се враќа во Јувентус а во спротивен правец оди Калдара.
Новинарот Симоне Гамбино тврди дека Игуаин медицински тестови во Милано може да има веќе утре, евентуално во петок.
Се очекува комплетната зделка која ги вклучува тројцата фудбалери да биде комплетирана до крајот на неделата.