Падна договор, Галатасарај и Наполи си подадоа рака за трансфер на Виктор Осимен

by riste
0 минути читање

Во наредните денови ќе се официјализира најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал, Галатасарај ќе плати дури 75 милиони евра за да го откупи Виктор Осимен.

Откако Наполи ја одби првата понуда на Галатасарај за Осимен и им стави јасно дознаење на Турците дека фудбалерот може да биде купен само со откупната клаузула, така и се случи.

Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Галатасарај го известил Наполи дека ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра.

Двата клуба си подале рака и трансферот наскоро треба да биде официјализиран.

Осимен претходно ги договори личните услови со Галатасарај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×