Падна потпис, Ерлинг Халанд ќе „му ја посвети кариерата“ на Манчестер Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд го продолжи договорт со Манчестер Сити.

Двете страни си подадоа рака и веднаш падна потпис на договор според кој Халанд да „му ја посвети кариерата“ на Сити. Потписот веќе е ставен за соработката до јуни 2034 година, што е за девет ипол години од сега.

Тоа значи дека Халанд се обврзува најголемиот дел од кариерата да го мине во Сити. Доколку го одработи договорот до крај, тогаш Норвежанецот би имал 34 години и веќе би бил ветеран. Се споменува дека во договорот ќе има откупна клаузула за огромна сума која би била валидна од 2029 година.

Ерлинг Халанд пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд во 2022 година за 60 милиони евра. Оттогаш за „граѓаните“ одигра 126 натпревари, постигна 111 погодоци и подели 15 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани