Успешно завршија преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Лече за Патрик Доргу, клубовите си подадоа рака, трансферот наскоро ќе се официјализира.
Манчестер јунајтед за бекот ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Уште пред неколку денови се договорени личните услови меѓу клубот и фудбалерот.
Патрик Доргу е првото засилување за Рубен Аморим.