Озил во јануари би можел да се пресели во Милано

by
1 минути читање

Италијанскиот
калчолигаш Милан под будно око ја следи ситуацијата со Месут Озил во Арсенал,
Германецот има редуцирана минутажа под кормилото на Унаи Емери, а од поодамна
се шпекулира дека е на излезна врата од Лондон.

Озил во
јануарскиот преоден рок би можел да го облече дресот на „Росонерите“, пишуваат
на Островот, а наводно постојат сигнали во Арсенал за тоа дека Премиерлигашот
би се согласил дури и да го испрати на позајмица својот фудбалер со кого имаат
договор за соработка до 2021. година.

Неофицијално, во
Милан имаат нескриени амбиции во потрагата по искусни фудбалери на напаѓачки
фронт, а „Росонерите“ наводно ќе повлечат сериозен потег во обидот да се
засилат со Озил уште во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×