Арсен Венгер по серијата лоши резултати реши да направи одредени промени во тимот и да игра со тројца во одбрана.
Па формацијата 4-2-1-3 беше заменета со 3-4-3, каде Месут Озил и Алексис Санчез играат по крилните позиции.
Новиот систем дава резултати, Арсенал има четири победи во серија и се уште е во битка за топ четири пласман.
Против Сандерленд, Месут Озил постави нов рекорд и креираше 12 шанси за своите соиграчи, најмногу на еден натпрева во историјата на Премиерлигата.
Но и покрај тоа Германецот се пожали од новата формација и новата улога.
„Ја немам истата слобода како кога играв како „10ка““ – вели Озил. „Кога играте на оваа позиција, имате слобода да се движите каде сакате“.
„Во новиот систем, треба повеќе да бидам на десната страна, но понекогаш морате да се жртвувате и да одработите за тимот“.
„Не е важно што сакаат индивидуалните играчи, тимот е најважен“.
„Тренерот во моментов ме гледа на таа позиција и јас сум среќен што можам да играм и да му помагам на тимот“.