Гостувањата кај Евертон знаат да бидат незгодни за Арсенал, а такво нешто и денеска најави Вејн Руни со прекрасен гол во 12. минута.
Но гостите, кои за прв пат стартуваа со Озил, Санчез и Лаказет, брзо влегоа во ритам и креираа неколку добри шанси. Пикфорд ги одржуваше домаќините во предност, но и тој конечно капитулиаше во 40. минута кога Монреал брзо реагираше по една одбиена топка и изедначи на 1-1.
Во продолжението од средбата, Санчез му асистираше на Озил за 1-2, а потоа Озил го проигра Лаказет за 1-3.
Рамзи погоди за 1-4 во 90. минута, а возбудувањата продолжија и во судиското надополнување.
Монреал лошо врати една топка до Чех, голманот на Арсенал се обиде да дрбила, но Ниасе му ја одзеде топката и ја затресе мрежата за 2-4 во 93. минута.
Последниот збор сепак го имаше Санчез, Чилеанецот се прошета во шеснаесетникот на гостите и биеше прецизно за 2-5.