Озил не заминува од Арсенал, тој бил гневен на написите дека се сели во Јунајтед

by
0 минути читање

Англиските медиуми пишуваа дека Озил ги информирал своите пријатели дека во јануари заминува за Манчестер јунајтед.

Но денес „Сан“ пишува дека Озил е изненаден од пишувањата, дури и се налутил. Тој не преговарал со Манчестер јунајтед, а не бил ниту свесен за нивен интерес.

Договорот на Озил со Арсенал му истекува по крајот на сезоната, во моментов нема понуда од клубот за продолжување на соработката.

Од јануари тој слободно може да преговара со други клубови за трансфер, а на лето да си замине како слободен играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани