Месут Озил има исклучително богат договор, но откако го потпиша речиси и комплетно потфрли, почесто е на клупата за резерви отколку на теренот.
Тој добива најголема плата, не ги оправдува очекувањата на теренот, но нема намера да прифати намалување на заработката во кризниот период.
Клубот им предложи на играчите на Арсенал да прифатат намалување од 12,5 проценти од платите, но Озил и уште двајца играчи го одбиваат таквиот предлог.
Фудбалерот сакал да види како ќе влијае кризата врз буџетот на Арсенал, па можеби потоа, во иднина ќе прифател намалување.
Доколку прифати намалување Озил би земал 350.000 евра неделна плата, што е повеќе отколку регуларната плата на неговите соиграчи.
Ова можеби дава слика дека алчноста за пари е една од карактеристиките на Озил, но се чини дека не е така. Тој е инволвирани во многу хумани акции. Подароците од неговата свадба ги искористи да им плати операции кои ќе им го променат животот на 1.000 деца, тој донираше храна за 100.000 бездомници во 16 бегалски кампови во Турција и Сирија. Бонусот од освоеното Светско првенство го даде за операции на 23 бразилски деца во износ од 300.000 евра.