Озил и Санчез си заминуваат, доаѓаат Ројс, Мбапе…

by
1 минути читање

Иднината на Арсен
Венгер е топ тема во последно време, Арсенал игра далеку под очекувањата па
многумина очекуваат Французинот да замине по крајот на сезоната.

Сепак, вчера и
денеска се појавија голем број на стории кои велат дека менаџерот сепак ќе
остане и ќе стави потпис на нов договор.

Денешното издание
на Мирор пишува дека Арсен Венгер не само што ќе продолжи на кормилото на
„Топчиите“, туку ќе направи и голема реконструкција.

Управата на
клубот ќе го поддржи менаџерот со трансфер буџет од над 100 милиони фунти.

На листата со
трансфер желби се играчи како супер талентираниот Килијан Мбапе од Монако,
Александре Лаказет од Лион, Марко Ројс од Борусија Дортмунд, Рос Баркли од
Евертон и Хосе Луис Гаја од Валенсија.

За разлика од
Арсен Венгер, се верува дека Месут Озил и Алексис Санчез нема да ги продолжат
договорите па двете ѕвезди ќе заминат од Емирати.

На излезна врата
летоска би можеле да бидат и Џек Вилшер, Алекс Окслејд Чемберлен и Начо
Монреал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани