Привременото
решение за клупата на Арсенал, како и поранешен фудбалер на таа екипа, Фреди
Љунберг го повика клубот да се справи со ситуацијата околу Месут Озил, откако
фудбалерот од средниот ред на „Топчиите“ бурно реагираше на одлуката на својот
тренер да го изведи од игра во 59. минута од дербито со Манчестер Сити.
„Граѓаните“ се
прошетаа во Лондон и славеа убедливо со 0-3, меѓутоа во центарот на вниманието
се најде реакцијата на Озил кој по излегувањето од теренот бурно реагираше, по
мечот, Љунберг имаше објаснување за својата одлука да го повлече од игра.
„Го повлеков
Месут од игра бидејќи сакав да внесам дополнителна енергија во тимот, што се
однесува на тоа како тој реагираше, ние ќе се справиме со тоа подоцна, тука сум
како опција од ден во ден, меѓутоа, секако дека посакуваме фудбалерите да одат
во добар правец“ рече Љунберг.
На пресконференцијата
пак по мечот, 42 годишниот фудбалски стратег додаде дека исто така му било
потребно неговиот тим да се обиде да има поголем посед во својата игра, како и
обид за контри при евентуална можност за такво нешто.