Овој преоден рок само што заврши, а Челси веќе купи напаѓач за наредното лето!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Челси го потврди трансферот на 22-годишниот напаѓач Емануел Емега од Стразбур, кој ќе настапува за „сините“ од летото 2026 година.. Лондонскиот клуб ја искористи поврзаноста со францускиот прволигаш, кој исто така е во сопственост на групацијата предводена од Тод Боели и така го обезбеди потписот на талентираниот фудбалер.

Ова лето напаѓачот беше поврзуван со заминување, но реши да остане во Стразбур и да ја предводи екипата во европските натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, неговата вредност изнесува 25 милиони евра.

Во минатата сезона Емега постигна 14 погодоци и запиша три асистенции на 27 настапи во Лига 1, додека во новата сезона веќе има три гола на четири натпревари.. Станува збор за фудбалер кој дел од младинсктие категории на репрезентацијата на Холандија, а со оглед на формата која настапува наскоро би можел да дебитира и во сениорскиот сосав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×