Вкупно 19 репрезентации засега обезбедија директен
пласман на Светското првенство во Русија кое се одржува идната година,
преостанува место за уште дополнителни 13 селекции, од кои дел ќе се дознаат
вечерва по полноќ, а дел веќе имаат место во бараж фазата.
Се’
ќе биде познато по вечерашните средби по полноќ во рамките на
јужноамериканските квалификации, како и оние на Северна и Централна Америка.
Во јужноамериканските квалификации дури пет селекции
водат битка за две места кои водат директно на Мундијалот и едно во баражот (Чиле,
Колумбија, Перу, Аргентина и Парагвај) додека пак во Северна и Централна
Америка три селекции се борат за директно учество и едно место кое води во
баражот (Хондурас, Панама, САД).
Ова се 19 селекции кои засега имаат обезбедено директен
пласман на големиот фудбалски турнир предвиден за идната година…
Русија, Бразил, Иран, Јапонија, Мексико, Белгија, Јужна
Кореја, Саудиска Арабија, Германија, Англија, Шпанија, Нигерија, Костарика,
Полска, Египет, Исланд, Србија, Франција и Португалија.