154
„Санчез нема да
може да го напушти клубот за сума помала од 40 милиони евра, ова нека биде
јасна порака до сите заинтересирани клубови за неговиот потпис“ јасно порача Марк Овермарс.
Санчез го
привлече вниманието на пошироката фудбалска јавност откако беше еден од
најдобрите фудбалери на Ајакс на патот на овој тим до финалето во Лига Европа,
каде загуби од Манчестер јунајтед.

Колумбиецот не е
единствената желба на Интер од редовите на Ајакс, се споменува и бекот Кени
Тете, 21 годишниот репрезентативец на Холандија, кој инаку за менаџер го има
мошне контроверзниот агент Мино Рајола.
