На вчерашниот состанок на УЕФА беше решено да им се даде приоритет на домашните првенства, а дополнително ќе се одлучува за датуми за ЛШ, ЛЕ и баражите од Лигата на нации.
Најголемиот дел од фудбалските федерации и клубови сакаат првенството да продолжи поради огромните договори за ТВ права кои ги имаат. Доколку се прекине ќе останат без голем прилив на средства а тоа може да ги уништи.
На директорот на Ајакс, Марк Овермарс не му се допаѓа таквиот пристап кон работите.
„Лигата е мртва, животот е поважен Зошто во преден план да бидат парите а не луѓето во ова време? Се надевав дека Фудбалската федерација на Холандија ќе донесе независна одлука, но тие се кријат зад УЕФА“, вели Овермарс.
„Тешко ми е да ги разберам. Ние во Холандија не сме зависни толку од телевизиските права како лигите во Шпанија, Англија, Италија и Германија што се. Мислам дека тие се под голем притисок од УЕФА да продолжат да играат по секоја цена“.
„Холандската фудбалска федерација и УЕФА би ги споредил со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп пред една недела кога велеше дека економијата е поважна од коронавирусот“.
„Ало! Повеќе од 100 луѓе дневно умираат во Холандија поради коронавирусот“.