Оваа вест дополнително ја подгреа атмосферата во Лион за шпекулациите со Мурињо

by
1 минути читање

ЛЕкип уште минатиот месец пишуваше за тоа
дека следната дестинација на Жозе Мурињо ќе биде Франција, а како опции за него
тогаш се споменуваа Лион и Монако.

Се чини дека
првата горе наведена опција е се поизвесно дека ќе стане реалност, а овие
шпекулации дополнително се зголемија откако португалскиот фудбалски стратег
утрово наводно бил забележан на аеродромот во Лион.

Јасно е дека
позицијата на Бруно Женесио на клупата на Лион не е во најдобра положба, тимот
има јасно зацртани цели да обезбеди место во Лигата на шампионите за идната
сезона, но, тие амбиции се уште не се целосно реализирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×