Оваа изјава на Ибраими за Заховиќ потврдува „закопување на секирите“ помеѓу нив…

by
2 минути читање

Познато е дека
некогашниот најдобар македонски фудбалер Агим Ибраими си замина од Марибор
токму поради Златко Заховиќ, меѓу нив падна тешка караница која се пренесе и на
медиумите, а нашиот фудбалер обвинуваше и за навреди од страна на Заховиќ кои
ги објави во медиумите од добиените СМС пораки.

Заховиќ потоа се помири
па следеше јавно извинување од него до нашиот фудбалер кој по сагата во дресот
на казахстанска Астана се врати во словенечкиот шампионат, но во дресот на
Домжале, а неговата изјава во Словенија во однос на Заховиќ доволно говори дека
тие повеќе не се во лоши односи.

Тоа е дел од фудбалот, нешто
што едноставно морате да го прифатите. Ги почитувам сите кои работат во
фудбалот а јас и натаму ќе инсистирам на тоа сите да го земат примерот на
Златко за тоа како се работи во еден клуб. Тој работи навистина феноменално,
тој работи за доброто на клубот. Лично, немам ништо против Марибор, никогаш не
сум споменал нешто лошо за тој клуб, направив премногу за Марибор и тој клуб
засекогаш ќе ми остане во срцето
изјави Ибраими за словенечкиот медиум „24“.

Изминатиот викенд
Ибраими конечно доби прилика за настап во дресот на Домжале откако се надминаа
сите проблеми околу документацијата за неговата регистрација во тимот. Нашиот
интернационалец одигра 68 минути во победата на неговиот клуб кај Алуминија на
гости со 0-1.

 

Извор: 24ur.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани