Ова не се гледа секој ден: Голманот на Мароко лудо одбрани пенал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на Мароко, Јасин Боно, прерасна во апсолутен херој на нацијата по драматичниот полуфинален дуел против Нигерија на Африканскиот куп на нации. По 120 минути игра без голови 0-0, домаќинот по пенал-рулетот триумфираше со 4-2.

Клучната фигура во пенал серијата беше токму Боно, кој одбрани два удари од белата точка. Во втората серија го запре слабо изведениот пенал на Самуел Чуквуезе, а потоа следуваше момент кој го обиколи целиот фудбалски свет.

Во четвртата серија Бруно Ониеемечи шутираше по средината на голот, додека Боно веќе беше тргнат кон левата страна. Тој практично дотрча до стативата, а потоа се фрли кон средината од голот и уникатно го одбрани ударот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×