Вчерашниот натпревар помеѓу Челси и Бормут кој заврши без победник 2:2 влезе во историјат ана Премиер лигата како прв на кој судијата на теренот ја отфрлил донесената одлука на неговите колеги од ВАР собата.
Се играше 51. минута кога Марк Кукурља тргна во брза контра, но противникот Давид Брукс го запре со удар во врат по што Шпанецот падна на теренот.
Судијата Роберт Џонс побара мислење од ВАР собата и му беше кажано дека треба да му покаже црвен картон на Брукс. Сепак, тој тоа не го направи одлучи пред мониторот сам да ја погледне ситуацијата.
По гледањето на снимката Џонс одлучи да не му покаже црвен картон на Брукс и му додели само жолт картон.
Оваа ситуација прва во историјата на Премиер лигата во која некој судија не прифатил сугестија од ВАР за црвен картон.
— No Context Chelsea (@NoContxtChelsea) January 14, 2025