Ова е многу, Мурињо му краде уште еден играч на Конте?!

by
2 минути читање

„Специјалниот“
оваа недела веќе му ги поремети плановите на Антонио Конте и го украде Ромелу
Лукаку.

Белгијанецот беше
прва желба на Антонио Конте, Челси со месеци преговараше со Евертон, а Манчестер
јунајтед за неколку дена успеa да се договори со „Карамелите“.

Се говори дека
Италијанецот е лут на управата по ваквиот развој на настаните, но неделата може
да стане уште полоша доколу се остварат последните најави.

Сан и Дејли Мејл
вечерва пренесоа дека Жозе Мурињо би можел да го украде и Тимуе Бакајоко.

Фудбалерот на
Монако котира високо на листата со желби на Антонио Конте, „Сините“ долго време водат
преговори и во неколку наврати се најавуваше дека Французинот е на чекор до трансфер на
Стемфорд Бриџ.

Жозе Мурињо знае
дека тешко ќе го добие Немања Матиќ по целата ситуцијата со Лукаку, а Тотенхем
не сака да слушне за продажба на Ерик Даер и покрај тоа што се споменува сума
од 50 милиони евра.

Па менаџерот на
Манчестер јунајтед сака уште еден сензационален трансфер и „Црвените Ѓаволи“ да
го победат Челси и за потписот на Тимуе Бакајоко.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите написи, но доколку клубот од Олд Трафорд
изведе нешто вакво, фановите на Челси и а самиот Антонио Конте сигурно ќе бидат
бесни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани