„Ова е лудост“ – познато колку пари бара Упамекано за да остане во Баерн Минхен

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Билд, Дајот Упамекано бара 20 милиони евра по сезона, како и бонус од 20 милиони евра за да остане верен на Баерн Минхен.

Дајот Упамекано ја одработува последната сезона од договорот, подолго време се водат преговори за продолжување на соработката, но до овој момент нема никаков абер.

Како што пренесува Билд, проблем се високите барања на дефанзивецот, кој сака да биде еден од најплатените во тимот.

За да остане верен, Дајот Упамекано бара 20 милиони евра по сезона, плус инсистира и на бонус од 20 милиони евра за потпис на договорот.

„Ова е лудост“ – вели експертот Алфред Дракслер. „Како можете да барате 20+ милиони евра како бонус за договор според кој ќе добивате 20 милиони евра секоја година. Ова е навистина многу“.

„Има едно правило во фудбалот, дефанзивците заработуваат помалку од напаѓачите. Не поради тоа што се помалку важни, туку поради тоа што ги има повеќе. Многу е потешко да најдете добар напаѓач“.

Интерес за услугите на Упамекано пројавуваат ПСЖ и Реал Мадрид, па дефанзивецот е свесен дека ќе добие богата понуда на друго место, со висок бонус за потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×