Дани Олмо и ова лето е на мета на гигантите, Шпанецот има откупна клаузула од 60 милиони евра, но таа важи само уште пет дена.
Името на Дани Олмо често е дел од трансфер шпекулациите, интерес за неговите услуги пројавуваат Баерн Минхен, Манчестер Сити, Арсенал и Барселона,
Офанзивниот фудбалер во моментов блеска на Европското првенство, каде со три гола и две асистенции помогна Шпанија да стигне до финале.
Но и покрај тоа, ниту еден клуб посериозно не загризува, особено ако се знае дека откупната клаузла од 60 милиони евра е со ограничен рок.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, откупната клаузулата важи до понедник (15. јули) и може да се активира само уште 5 дена.
Па се поставува прашањето што чекаат клубовите кои го имат Дани Олмо во своите бележници?
Се верува дека РБ Лајпциг сака да го продаде Дани Олмо ова лето, па нема да прави проблеми доколку некој клуб понуди 60 милиони евра и по 15. јули.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.