„Сините“ синоќа
останаа без два големи бода во борбата за топ четири пласман и местата кои водат
во Лигата на шампионите. Последните мигови беа тензични, Ковачиќ сакаше да се
пресмета со еден гостински играч, а и Давид Луиз влезе во клинч со
противниците.
Судијата исто
така го испрати Маурицио Сари во соблекувалната, а по крајот на мечот настана и
мешаница пред тунелот. Антонио Ридигер, кој не играше поради повреда, сакаше да
се тепа со дел од членовите на Барнли.
Медиумите сега
откриваат која била причината за инцидентот. Се говори дека член од персоналот
на Шон Дајч во неколку наврати го навредил Маурицио Сари и го нарекол „италијанско
го*но“.
Поради оваа
причина, предвоникот на Челси не се појави на пресот и Џанфранко Ѕола
разговараше со медиумите.
„Нешто му беше
кажано од противничката клупа. Ќе видиме што можеме да направиме околу ова.
Мислам дека ќе поднесеме приговор. Маурицио не беше среќен. Знам дека сакавте да
разговарате со него, па ви се извинувам. Но можете да разберете, тој е
фрустриран од играта, фрустриран што беше исклучен плус беше и навреден. Па
преферираше да не се појави“ – изјави Ѕола.