Медиумите од Шпанија ја откриваат причината поради која Алваро Мората синоќа им го посвети трофејот од ЕВРО 2024 на Андрес Иниеста и Бојан Кркиќ, двајцата му помогнале со депресија и анциозност.
По победата над Англија во финалето во Берлин, капитенот на Шпанија, Алваро Мората успехот им го посвети на Андрес Иниеста и Бојан Кркиќ и порача дека да не биле тие двајца, тој немал да биде дел од континенталниот собир во Германија.
Медиумите од Шпанија сега пишуваат што стои зад ваквите коментари.
Напаѓачот изминатава сезона поминувал низ лоши моменти поради критиките кои ги добивал на социјалните мрежи, не само за настапите во Атлетико, туку и во дресот на Шпанија, неодамна доби свирежи кога „црвената фурија“ играше против „кариоките“ на Бернабеу.
На Алваро Мората му требала помош од луѓе кои поминале низ ништо слично, па еден од оние на кои се обратил, бил Андрес Иниеста.
Поранешниот играч на Барселона се мачеше со депресија во пресрет на Светското првенство во 2010 поради смртта на близок пријател.
Алварота Мората исто така стапил во контакт со Бојан Кркиќ, ова му го препорачал тренерот Адриа Кармона.
Бојан Кркиќ се мачеше со анкциозност во пресрет на ЕВРО 2008 и поради ова го пропушти континенталниот собир во Австрија и Швајцарија.
Па, Бојан Кркиќ и Андрес Иниеста често разменувале пораки со Алваро Мората, му давале совети како да се справи со проблемите, и затоа беше синоќешната посвета.