Она што се
најавуваше со месеци, Андрес Иниеста го потврди денска. Шпанецот соопшти дека
заминува од Барселона. Олдуката играчот ја објасни на емотивна прес
конференција, на која присуствуваше неговото семејство, првиот човек на клубот
Бартомеу, тренерот Валверде и неговиот персонал како и речиси целиот тим на
„Каталонците“.
Не присуствуваа само
Лео Меси и Луис Суарез, а Барса нивното отсуство го образложи со лични обврски.
Медиумите од
Шпанија сега откриваат зошто Аргентинецот не се појавил на пресот. Лео Меси
вадел пасоши со сопругата Антонела и децата, не можел да ги одложи овие обврски
кои биле договорени од поодамна, па морал да ја пропушти средбата на Иниеста со новинарите.
Обврските кои ги
имал Уругваецот сепак остануваат мистерија, но се вели дека двајцата играчи разговарале
со Иниеста, му објасниле зошто не биле присутни а Андрес наишол на разбирање.