Откриено зошто Мбапе и Ал Келаифи имале жестока расправија пред натпреварот против Тулуз

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Килијан Мбапе и Ал Келаифи имале жестока расправија пред натпреварот против Тулуз во неделата, се шпекулира дека бонусите во висина од 80 милиони евра била една од причините за дискусијата на повишен тон.

Килијан Мбапе во неделата го одигра последниот натпревар на „Паркот на Принцовите“, но неговото збогување со домашната публика помина во сенка на написите за жестока расправија со Насер Ал Келаифи.

Се говореше дека двајцата дискутирале на повишен тон, и во прв момент се пишуваше дека првиот човек на ПСЖ бил разочаран што неговото име не било спомнато во видеото со кое напаѓачот се збогува и кажа благодарам.

Но според Радио Монте Карло, имало и друга причина, односно бонусите од 80 милиони евра кои Килијан Мбапе треба да му ги прости на ПСЖ.

Французинот ќе го напушти Париз како слободен играч, односно „светците“ нема да добијат ниту евро во форма на компензација, па за да не останат со празни раце, Килијан Мбапе прифати да се откаже од огромните бонуси за лојалнос кои му следуваа.

Двете страни забрано работат да најдат решение пред крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани