Манчестер јунајтед со месеци се поврзуваше со ангажман на талентираниот Џовани Кенда од Спортинг Лисабон, но младото момче направи трансфер во Челси, се шпекулира дека причината за ова е Рубен Аморим.
17 годишниот Џовани Кенда важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација и често се говореше дека младото момче ќе му се приклучи на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед.
Сепак, Челси го купи офанзивниот фудбалер, одвои околу 52 милиони евра за неговите услуги, или поточно инвестираше 74 милиони евра за во пакет да ги купи Џовани Кенда и Дарио Есуга од Спортинг Лисабон.
Медиумите од „островото“ сега пренесуваат зошто Џовани Кенда го одбил Манчестер јунајтед и потпиша со Челси.
Причина е Рубен Аморим и неговата тактика 3-4-2-1, Џовани Кенда го преферира системот на Енцо Мареска и смета дека подобро ќе се снајде како крило, наместо како офанзивен бек.