Големиот талент на Црвена звезда, Андрија Максимовиќ оваа недела направи трансфер во РБ Лајпциг вреден околу 14 милиони евра, офанзивниот фудбалер можеше да се пресели и во ПСЖ но ги одбил „светците“ поради една работа.
18 годишниот Андрија Максимовиќ важи за еден од најталентираните фудбалери во Европа во својата генарација и по многу шпекулации, оваа недела направи трансфер во РБ Лајпциг вреден околу 14 милиони евра.
Интерес за неговите услуги пројави и ПСЖ, а медиумите сега откриваат зошто младото момче ги одбило „светците“.
ПСЖ сакал веднаш да го испрати Андрија Максимовиќ на позајмица во Португалија во редовите на Брага, но ова не му се допаднало на фудбалерот и неговите агенти, кои сметале дека нема да има бенефит од една ваква авантура.
RБ Лајпциг понудил веднаш да го интегрира Андрија Максимовиќ во првиот тим во Бундеслигата, тренерот Оле Вернер детално му ги објаснил плановите па затоа Србинот ги одбрал „биковите“.
ФОТО: X/FK Crvena zvezda