Откриено што му кажал Симеоне на Мората покрај аут линијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Напаѓачот на
„Кралевите“ кога тргна да се загрева помина покрај гостинската клупа и Диего Симеоне, а тренерот на
Атлетико Мадрид му дофрли нешто на Шпанецот.

Пп овој момент предизвика голема
дебата на социјалните мрежи, и според Депортес
Копе, предводникот на „Колчонероси“ испратил понуда до Алваро Мората.

„Дојди играј за
мене во Атлетико

гласела пораката на популарниот „Чоло“.

Алваро Мората не
добива голема минутажа откако минатото лето се врати на Сантијаго Бернабеу и се
очекува по крајот на сезоната да ја промени средината.

Но тешко за
верување е дека ќе го одбере лутиот градски ривал Атлетико Мадрид.

Поверојатна
опција е Премиерлигата, каде најсериозен интерес пројавуваат Антонио Конте и
Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×